Aктерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец вечерва е пронајдена мртва, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.
Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.
Неофицијално, од извори на истрагата порталот дознава дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски”и “Последните Македонци” во матичниот Драмски театар.
Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.
Има две деца од првиот брак.
Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.
