Билјана Апостолова: Оливер Андонов има сериозна дијагноза

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов кога беше професор на МИТ донесе боледување со сериозна дијагноза со која не смее да биде ниту професор, ниту министер, обвини сопственичката на МИТ Универзитет, Билјана Апостолова.

– Со таа дијагноза не смее да биде професор, а дали таа дијагноза е добра за функцијата која ја има нека си определат институциите во министерството каде што е вработен, рече Апосотолова.

Таа не сакаше да каже за која дијагноза се работи, но предупреди дека и тој и Тони Науноски се заканувале на сите колеги од Универзитетот. Апостолова истакна дека при претресот во нејзиниот дом, полицајците цело време разговарале со Андонов.

– Со Оливер Андонов имавме проблем цела 2016 година во начинот на комуникацијата меѓу Андонов и мене и Андонов и ректорот. Најдов списи дека во 2013 година имал опомена и од тогашниот ректор на МИТ. Тој не доаѓаше на работа, постојано беше по телевизии, рече Апостолова.

Извор: А1он.мк

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e