Бидете внимателни доколку чекате пратка – се појави измама

Директорот на АД „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули извести дека на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка.
-АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување, вели директорот на Пошта.
Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.
За сите информации во врска со Пошта, Ве молиме посетете ја нашата официјална веб страница www.posta.com.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e