Актуелниот министер за економија, Крешник Бектеши, изјави дека предвремените парламентарни избори нема да влијаат, односно нема да се одложи, донесувањето на новиот закон за пазарџиите.
„Работиме на ново законско решение во кое ќе бидат засегнати сите страни, нема да се даде монопол како што беше претходно, односно само една комора да дава лиценци. Сега ќе можат сите комори да даваат лиценци за пазарџиите. Донесувањето на законот нема да биде одложено поради закажните избори“, вели Бектеши.
Министерот исто така информираше дека во јануари идната година ќе биде укинат актуелниот закон поради кој се јави незадоволство и револт кај голем дел од пазарџиите.