Бектеши очекува инвестиции од милијарда евра

Mинистерот за економија Крешник Бектеши во интервју за локалната телевизија „Гура“ зборуваше за економската ситуација во земјава, странски директни инвестиции и политиките што ги креира Владата за нивно привлекување, како и влијанието на стабилноста на државата на нивото на инвестиции – постоечки и потенцијални.

Бектеши нагласи дека влезот во НАТО ја осигурува стабилноста и безбедноста на државата што придонесе за рекорден раст на инвестициите од над 624 милиони евра, од кои најголем дел се од ЕУ, САД и Турција, што ги отвара вратите за нови и добро платени работни места, зголемен животен стандард и постепен економски раст. Истакна дека за годинава очекуваме нов рекорден износ на инвестиции, околу една милјарда евра и над 30 големи компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e