Министерот за економија Крешник Бектеши, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Северна Македонија во Украина Крум Ефремов денеска ја посети компанијата „Алкалоид Киев“, подружница на фармацевтската компанија „Алкалоид АД Скопје“ во Украина.
Ова претставништво е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на „Алкалоид“ на украинскиот пазар.
Менаџерот на подружницата Дејан Каранфилов ги информираше за основната дејност, тековните активности на „Алкалоид Киев“ и плановите за украинскиот пазар.