Бектеши: Крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадби

Министерот за економија Крешник Бектеши и потпретседателот на Алијанса за Албанците, Ремзи Мехмеди вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатираат на актуелни теми, меѓу кои и за најавените олабавувања на рестриктивните мерки.

Бектеши истакна дека на крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави.

Тој вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека знаците за стивнување на овој бран, им дале право за дополнително олеснување на рестрикциите.

Сепак, тој вели дека може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари но не и свадби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e