Бектеши-Донмез: Со Моеморандум за соработка ќе се зголемува соработката во енергетиката помеѓу Северна Македонија и Турција

Северна Македонија и Турција ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на енергетиката што ќе придонесе за зголемување на соработката помеѓу двете земји, размена на искуства и поддршка во делот на гасификацијата на земјата.

Ова го договорија министерот за енергетика Крешник Бектеши и неговиот колега, министерот за енергетика на Турција, Фатих Донмез на билатералната средба во рамки на Осмиот Министерски состанок на советодавниот совет за Јужниот гасен коридор кој што се одржа во Баку, Азербејџан.

Во рамки на Министерскиот состанок во Баку, министерот Бектеши оствари неформална средба со министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов.

Министерот Бектеши во Баку, оствари неформална средба и со комесарката за енергетика на европската комисија, Кадри Симсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e