Барањето на експремиерот Никола Груевски за одложување на затворската казна пристигнало во Кривичниот суд, откако одбраната го испрати по пошта во понеделникот.
Неофицијално, двете причини на кои се повикува Груевски се обврските како пратеник, поради процесите во собрнаието поврзани со уставните измени и докторатот кој го одбрани летоска, односно за да напише книга врз основа на докторската теза.
Судијата за извршување на санкции има рок од три дена да одговoри дали ќе го прифати предлогот и ќе го одложи издржувањето на казната за Груевски, а ако е незадовоелн тој има право на жалба пред кривичен совет составен од тројца судии.
Груевски бара одложување и од Врховниот суд. Неговите адвокати ова го предложиле уште минатата недела во барањето за вонредно приспитување напресудата за „Тенк“, но од Врховен велат до нив се уште не е пристигнато, патува преку кривичен и апелација.
Според упатниот акт, Груевски треба на 8 ноември да се појави во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за примање награда за противзаконито влијание.
