“Во изминатиот период социјалниот дијалог во Република Северна Македонија забележа значаен прогрес, како на бипартитно така и на трипартитно ниво. Развојот на трипартитниот социјален дијалог е евидентен, пред се преку работата на Економско-социјалниот совет како највисока институционална форма за промоција на трипартитниот социјален дијалог, каде во изминатите 3 години во рамки на своите надлежности ова тело во континуитет го дава својот инпут во креирањето на економско-социјалните политики на Владата на Република Северна Македонија. Социјалниот дијалог е една од клучните заложби на Владата, во процесот на обезбедување на суштинска транспарентност и инклузивност во процесите кои ги води, при тоа поттикнувајќи ги социјалните партнери на еднаков и конструктивен придонес во донесувањето на значајните закони и стратешки документи од економско-социјалната сфера”, рече заменикот министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.
Владата на Република Северна Македонија и понатаму останува главен промотор на социјалниот дијалог, се разбира заедно со социјалните партнери, преку континуирано зајакнување на институционалните капацитети на социјалниот дијалог на сите нивоа, како и капацитетите на социјалните партнери за што континуирано соработува со Европската унија и Меѓународната организација на трудот. Во оваа насока, покрај Проектот – Унапредување на социјалниот дијалог кој се имплементираше во периодот од октомври 2014 до март 2017 година, во тек е имплементација на Проектот – зајакнување на социјалниот дијалог кој започна со имплементација во јануари 2019 година и ќе трае до јуни 2021 година.
На кофенерцијата присуствуваа и Жорди Карел, Директор за мобилност на трудот од Директоратот за вработување , социјални прашања, вработување и инклузија на европската комисија, Маркус Пилгрим, директор на МОТ за Централна и Источна Европа и Розана Дуџијак, Постојан координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија.