Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со најголем обем на рекламирање во вториот круг од Локалните избори, покажуваат податоците од мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Согласно податоците, обемот на платено политичко рекламирање за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесува 26 часа, понатаму 11 часа за Коалицијата предводена од СДСМ, Беса – околу 5 часа и ДУИ околу 4 часа.
Од телевизиите опфатени со мониторингот најмногу реклами се емитувани на ТВ НОВА (речиси 12 часа) и на ТВ Сител и ТВ Алсат-М по околу 5 часа.
Агенцијата забележала помал интензитет на кампањата во вториот круг, во споредба со првиот круг од изборите.
Последните 10 дена од кампањата, прекршувања на барањето за непристрасно покривање на изборите се констатиурани кај ТВ АЛФА И ТВ НОВА, во корист ма Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Агенцијата извести дека за двете телевизии ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочни постапки пред надлежен суд.