Атанасовски: Црвенковски да се претставува како морален ментор и ориентир е дегутантно, безобразно

„Бранко Црвенковски по 2013 година само едно писмо пушти, во овие 8 години се појавува како Халеева комета, не знам која е неговата политичка позадина со вакви високи тонови кон своите сопартијци затоа што тоа се поклопи со почетокот на кампањата за локалните избори. Тој во три наврати беше премиер на Македонија и еднаш беше претседател на државата. Црвенковски и Груевски се најодговорните политичари за состојбата во која сме сега. Сите состојби кои Црвенковски вчера ги детектираше беа детектирани во сите овие 30 години од независноста. Но да сте морален ментор и ориентир е дегутантно, безобразно е затоа што тој не е аналитичар или новинар, тој носи вина за тие состојби“ – вели Благојче Атанасовски, политички аналитичар во Студио 10 на ТВ24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e