Арсовски: Зошто досега ДИК седеле и не работеле ништо?

Во вечерашното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, со коментар кога според него е поповолен период за одржување избори, на почетокот или на крајот на летото:

“По проценките на сите светски здравствени експерти подобар период и помирен здравствен период ќе има во јуни, а не во септември. Директорот на СЗО за Европа тврди дека во септември следува нов бран, тоа се врвни авторитети за Ковид-19 во светот и велат подгответе се во септември за нов бран.

Јас мислам дека на крајот не треба да се водиме по тоа на која партија кога и одговараат избори, туку кога се најдобри изборите за државата. Во моментов, не можам да најдам еден аргумент кој вели дека изборите би биле подобри во септември, отколку во јуни. И затоа како што инсистирав и пред да се сретнат лидерите, така и сега сметам дека треба да ги вратиме институциите во нормала што е можно побрзо. За жал, тоа на некој не му одговара” – изјави Арсовски.

Во однос на времето кое го бара претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, и неговата изјава дека ако процени дека не е доволно обработен избирачкиот список тој нема да го потпише, Арсовски со став:

“Јас имам една мала забелешка на работата на ДИК и нивното однесување дека нив им требаат дополнителни рокови. Па, по ѓаволите, тие во меѓувреме земаа ли плата, зошто избирачкиот список не се одржува чист постојано што е нивна редовна работа? Зошто седеа без да работат ништо? Тие можеле да го чистат избирачкиот список и од дома, во него треба да се вметнат оние кои наполниле 18 години или кои според ЕМБГ ќе наполнат 18 години до денот на изборите што е список кој МВР може да им го достави за еден ден. Што, по ѓаволите, во моментов работи ДИК?” – запраша Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e