Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција соопшти дека денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на Катица Јанева.
Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и го поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител.
Приведувањето на Катица Јанева е чекор што требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот ‘Рекет’. Според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот ‘Рекет’.
Воедно, Катица Јанева нанесе срам не само на кредибилитетот на обвинителниот систем, туку нанесе срам и на самата правда во Република Македонија, ги изневери сите оние луѓе кои веруваа дека оваа власт ќе донесе правда.
Таа ги изневери и меѓународните претставници кои веруваа во неа и ѝ даваа поддршка, истакна Арсовски.