Арсовска – Томовска во Холандија на форумот „Давос на ИКТ“

Марта Арсовска Томовска,  министерка за информатичко општество и администрација зеде учество на светскиот форум за ИКТ во Холандија, познат како „Давос на информациско-комуникациските технологии”.

Форумот се одржа на 19 и 20 септември на тема:  „Дигитализација: Глобална трансформација-нови практики“.

Министерката се обрати на воведната сесија при што се осврна на главните столбови на кои се темели дигиталната трансформација во Република Македонија, кои вклучуваат: поддршка на иновациите и технолошкиот развој, обезбедување на универзален пристап до технологијата и заедничко разбирање на нејзиното користење, градење партнерски однос со граѓаните, како и континуирана надградба на човечките капацитети.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e