Арбер Адеми на чело на МОН, го очекуваат многу предизвици

Арбер Адеми од денеска официјално е на чело на Министерството за образование, каде што го очекуваат многу предизвици и многу проблеми кои бараат решенија. Меѓу најважните прашања е намалувањето на наставните единици и часови, укинувањето на програмата Кембриџ за основното и средното образование, реконструкцијата на постојните училишта и изградбата на многу нови училишни објекти, особено за населбата Визбегово и селата Блаце, Сливник и во Велес.

„Мојот фокус и на мојот тим сигурно дека ќе биде и понатаму во реформирање на основното и средно образование преку донесување нови законски решенија. Фокусот ќе биде и на имплементацијата на новите наставни програми, ќе биде и во подготовката на учебници со подобрени наставни содржини. Исто така ќе биде и во поголемо промовирање на средното стручно образование и имплементација на двојниот образовен концепт. Ние исто така ќе ја поттикнеме креативноста кај наставниците“, изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Арбер Адеми до неодамна беше заменик на поранешната министерка за образование, Рената Десковска, која сега раководи со Министерството за правда. Десковска, при предавањето на функцијата, рече дека министерството за образование и понатаму ќе остане отворена за критики и промени во корист на општото образование во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e