АПСЕЊА: Чавков и уште 4-ца обвинети за 27 април ноќеска повторно се уапсени

Пет лица обвинети за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, ноќеска повторно се приведени и пренесени во Истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд, потврдија за МИА од МВР.

Неофицијално се работи за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во времето на крвавите настани во Собранието Митко Чавков, Горан Ѓошевски, од обезбедувањето на поранешниот спикер Трајко Вељановски, Душко Лазаров и Оливер Поповски од МВР и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање синоќа повторно се приведени, откако Обвинителството за организиран криминал и корупција вчера поднесе обвинение против 30 лица за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година.

Сите овие, и другите притворени, меѓу кои и пратеници на ВМРО ДПМНЕ, со одлука на Врховен суд од завчера беа во домашен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e