Случајот во кој беше поднесено обвинение за Владимир Панчевски нема да го води скопскиот Кривичен суд, туку судот во Велес, одлучи Апелација.
„Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност. Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за надлежен да постапува по конкретниот предмет“, соопштија од судот.
На Панчевски со обвинителниот предлог поднесен на 8 јули годинава на товар му се става дека како претседател на Кривичниот суд во Скопје направил злоупотреба на службената положба и местел предмети кај подобри судии.
Панчевски пред десетина дена беше времено суспендиран од судиската функција од страна на Судскиот совет.