Апелација одлучи: 9-мина од осудените со условни казни за крвавиот четврток сепак ќе одат во затвор

Скопска апелација ја преиначила пресудата, со која судијката Милка Ангелевска васевска, на 9 обвинети за тепачките во Собранието им досуди условни казни. Според пресудата, обвинетите ќе одат во затвор, објави Сведок.

Деветмината обвинети кои беа поврзани со инцидентите од Собранието од 27 април минатата година, кои се товареа за „учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”, добија условни казни. На едно судење, кое траеше три часа во Кривичниот суд сите девет обвинети ја признаа вината по шо беа условно осудени.

Првообвинетиот Димче Христовски – Жабата беше осуден на затворска казна од една година и 6 месеци ако во следните 5 години направи кривично дело. Сите останати беа осудени на по 6 месеци затвор ако во следната година и пол направат кривично дело.
Како што рече судијката Милка Ангеловска – Васевска кога ја соопштуваше пресудата на 23 мај 2017 година, тие биле обвинети за рушење на заштитната ограда на Собранието, потоа на влезот од зградата се туркале со полицијата, а откако успеале да влезат во Законодавниот дом се упатиле кон прес- центарот, каде употребиле клоци и тупаници кон лицата од обезбедувањето со цел да пристапат во просторијата.

Од оштетените 21 полицаец, само мал дел се изјаснија и во нивно име обвинетите да се гонат кривично и побараа отштета. Судот воедно со пресудата го укина и притворот на осудените на кои претходно им беше изречена таква мерка.
На прашањето дали се свесни што сториле, адвокатот на обвинетите рече дека се свесни и дека се каат.

По одлуката на Апелација, нивните казни се заменуваат од условни во затворски, а понатаму Кривичниот суд откако ќе ја примат пресудата треба да изготви и упатни акти за во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e