Скопска апелација ги врати бомбите мегу доказите во предметите на СЈО- ТНТ за уривањето на Космос и Топлик за Сончев град. Од судот за Телма официјални потврдија дека ги прифатиле жалбите на СЈО и ја преиначиле одлуката на Кривичен со што прислушкуваните разговори ,26 снимки во ТНТ и 11 во Топлик, ќе бидат дел од доказите што ке се користат во судските процеси.
Вчера на двете јавни седници во апелација, обвинитлеите од сјо порачаа дека обвинетите во овие предмети, екс премиерот Никола Груевкси и пораншениотм инистер за транспорт, Миле Јанакиевски не се жртви на прислушкување туку тие биле дел од власта што масовно незаконски прислушкувала кога на чело на УБК бил Сашо Мијалков обвинет во предметот Таргет . Посочија дека снимките имаат доказна вреднист и со нив не се повредува приватноста. Не смее да се дозволи криминалот да добие заштита рекоа обвинителите.
Претходно апелација ги врати бомбите во три предмети на СЈО Шамарите во Центар каде исто така мегу другите обивнети се Груевкси и Јанакиевски, Триста за набавка на возила во мвр и Тендери за Музејот на ВМРО каде обвинета е ексминистерката за култира Канќевска Милевска. Пред апелација треба да се разгледаат уште 6 жалби на СЈО бидејки досега според официјалните податоци Кривичен ги издвои бомбите од доказите, во 11 предмети на Катица Јанева.
Извор: Телма