Анкета: СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија од ВМРО-ДПМНЕ

Во најновото испитување на јавното мислење на Агенција „Рејтинг“, направено во рамките на сопствените редовни активности за следење на промените во изборното расположение на граѓаните, Агенцијата преку куса анкета се обиде да дознае како јавноста ги перцепира можните кандидати за премиер на идната Влада.

Граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за 4% повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството.

Анкетата била спроведена на примерок од 1.080 испитаници, од 18 до 29 Јануари со метод интервју лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e