Над 70 % од граѓаните се за влез во Европската унија, нешто под 63 % се за влез во НАТО. Најновата анкета на Центарот за правни истражувања од Штип покажа дека подршката за НАТО се намалува со возраста на испитаниците.
Најголема е кај пензионерите. Но процентите на подршка се топат штом се спомене промената на уставното име. Високи 82 % се против промена на името.
„Кај најмладите категории, студентите оваа поддршка опаѓа на околу 55%, а најголема е поддршката кај пензионерите и повозрасните категории.“ – изјави Страшко Стојановски, универзитетски професор.
На испитаниците не им пречи референцата ПЈРМ да се користи во меѓународна употреба. Според нив, Србија останува најголем пријател на Балканот, а Русија, САД и Германија се сојузниците во светот.
„Германија е изненадување, економската поврзаност најмногу влијае, Русија има малку поголема поддршка, а интересен податок е доколку оние кои се определиле за Русија, да ги прашаме дали сте за влез во НАТО, во најголем процент се за членство во Алијансата.“ изјави Стојановски.
„Најголема безбедноста закана е факторот за политичката криза, испитаниците сметаат дека тука се и нарушените меѓуетнички односи и дрстабилизацијата на регионот.“ – изјави Лорета Димова студент.
Центарот за правни истражувања анкетата ја реализираше на 500 испитаници, пред се Македонци, со различна возраст и занимања.
Извор: 24ТВ