Доколку утре се одржат претседателските избори, за кандидатот на СДСМ, кој е поддржан и од ДУИ, Стево Пендаровски би гласале 25% од граѓаните, покажуваат резултатите од анкетата на јавното мислење која ја спроведе агенцијата М-Проспект, објави Телма.
Пендаровски има предност од 2,6 отсто во однос на кандидатот на ВМРО –ДПМНЕ, Гордана Силјановска, за која се определиле 22,4% од гласачите.
Пендаровски и Силјановска имаат значителна предност пред кандидатот на Алијанска за албанцијата, Блерим Река, за кого се изјасниле 10,9% од анкетираните. Ова се резултатите од анкетата на јавното мислење кое ја спроведе агенцијата М-Проспект, пред официјалниот почеток на кампањата.
Можеби клучно влијание врз резултатот од првиот круг на изборите ќе имаат луѓето кои се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас, а во оваа анкета таков одговор дале 18,3% од анкетираните , додека за 17,9% ниту еден од тројцата кандидати не е прифатлив.
Победник, според оваа анкета, би бил Пендаровски со 32,5 отсто од гласовите, додека за Силјановска би гласале 26,2 проценти од граѓаните, објави телевизијата.