Анѓушев: Осум нови инвестици во ТИРЗ, вредни 75 милиони евра

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони Александар Младеновски одржаа прес конференција на која се презентираше новата инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, како и нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Вицепремиерот оцени дека политиките на Владата придонеле за стабилизирање на македонската економија и дека се постигнати одлични резултати кога станува збор за привлекување на нови инвестиции.

„Во изминатите месеци осум нови компании влегоа во фаза на реализација на своите проекти во Технолошко индустриските равојни зони. Вкупно планираните инвестиции се околу 73.5 милиони евра и планирано е отворање на над 1500 нови работни места во наредните години. А треба да знаеме дека сето тоа е направено со 0 денари трошок за промоција и маркетинг. За споредба во претходните 7 години привлечени се 23 инвестиции за кои беа потрошени 225 милиони евра“, потенцираше Анѓушев.

Тој додаде дека Владата и Дирекцијата за ТИРЗ ќе работат напорно за доизградба на постоечките ТИРЗ, со цел да се овозможи нормално функционирање на компаниите кои реализираат инвестиции во зоните.

„Во многу од зоните пристапната и комуналната инфраструктура не е целосно изградена, и за оваа намена издвоени се над 400 милиони денари оваа година. Мора да излеземе од виртуелниот свет, да ги презентираме работите такви какви што се и да преземаме чекори за надминување на проблемите “, појасни вицепремирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e