Ангеловски: Оваа дигитализација и наплив на технологија комплетно го променија животот

Kоле Ангеловски е театарски и филмски актер, режисер, сценарист, писател и раскажувач, драматург, чиј творечки опус е броен и разновиден, а бројни се и наградите и признанијата што ги добил за петдецениската работа, меѓу кои наградата на Град Скопје „13 Ноември“ и државната награда за животно дело „11 Октомври“. Годинава Коле Ангеловски беше прогласен за лауреат на 11. Интернационален театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. На официјалната церемонија на доделување на признанието беше прикажан и биографски филм за Ангеловски, а се промовираше и неговата книга „50 години Драмски и клоцата во…“.

-Наградите ги имам многу, од „13 Ноември“ наградата на Град Скопје, „11-октомвриската“ државна награда, десетина за животно дело, сè до оваа од театарскиот фестивал во Крива Паланка, која, мора да кажам, ми е еднакво драга, ме изненади и ме израдува истовремено, бидејќи е во чест на љубовта, ентузијазмот на овие луѓе посветени на театарот, кои сакат да направат нешто убаво за граѓаните. Иако нема театар во Крива Паланка, сакаат да им ги прошират светогледите на граѓаните, затоа ем ми е убаво ем ми е драго што годинава сум јас лауреат на фестивалот. – вели Ангеловски во интервју за МИА.

-Денес речиси нема радиодрами, многу е променето буквално сè. Оваа дигитализација и наплив на технологија, мобилни телефони, комплетно го променија животот. Повеќе ништо не е исто, не е како што беше, а мислам дури и дека многу скоро и телевизиите ќе престанат да работат, ќе бидат непотребни. Веќе ниту една телевизија, освен дневници и разговори во живо, нема никаква продукција. Песните ги снимаат пејачи, им ги даваат на телевизиите, се купуваат евтини серии, а нема сопствена продукција. Дури и што е многу чудно и интересно, и спортските натпревари што се емитуваат од кај нас, оние поголемите, преносите не ги вршат наши македонски екипи, туку доаѓаат странски екипи, зашто нашите не ги исполнуваат потребните технички услови. Мислам дека во иднина ќе има големи продукции, приватни компании со големи буџети што сервираат готови продукти по целиот свет, како што немаме ние ни индустрии, нема автомобилска индустрија во државата, порано барем „фиќо“ се произведуваше, ама нешто се произведуваше. Веќе нема ни такви силни театарски претстави како порано, ќе се сведеме на домати и пипер, на земјоделство, како што тргнале нештата, а ќе нема ни работна сила, па којзнае до каде ќе оди ова… – раскажува Ангеловски.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e