Андреј Жерновски го презема ресорот за меѓународна соработка во СДСМ

ИО на СДСМ го поддржа предлогот на Венко Филипче, Андреј Жерновски да стане нов секретар за меѓународна соработка на партијата. Предлогот сега треба да биде потврден и на ЦО на СДСМ.

Жерновски доаѓа на позицијата која претходно ја вршеше Бојан Маричиќ, а која остана празна откако Венко Филипче ја презеде партијата. Тој е член на ИО на СДСМ и остана во раководството и по колективната оставка на партиското раководство, која беше поднесена по историскиот пораз на СДСМ на локалните избори.

Андреј Жерновски е поранешен амбасадор на Македонија во Романија. Тој е и поранешен градоначалник на Општина Центар, една од ретките општини освоени од СДСМ во 2013 година. Дополнително, Жерновски е поранешен претседател на ЛДП, партија која од 2011 година постојано учествува во коалицијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e