Анализа: Регионот доцни во отворањето фронт против дезинформациите

Македонија е фактички  првата земја во регионот во која власта отвора институционален фронт со дезинформациите. Медиумски експерти и новинари од Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, во серија интервјуа за  „Мета.мк“ говореа на оваа тема.

Македонија е фактички првата земја во регионот во која власта отвора институционален фронт со дезинформациите. Медиумски експерти и новинари од Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, во серија интервјуа за „Мета.мк“ во текот на изминатиот период, велат дека кај властите во нивните земји не се забележува заинтересираност за отпочнување или вклучување во борбата со лажните вести.

Македонскиот државен врв и официјално ја почна институционалната битка со справување со лажните вести. Претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Зоран Заев учествуваа на конститутивната седница на Акциската група за координација на институциите за борба против дезинформации, откако претходно Владата уште пред два месеца излезе со предлог Акцискиот план за овој проблем. Целта е преку два типа на мерки – безбедносни, кои опфаќаат ревидирање и создавање нови комуникациски протоколи, и проактивни, кои би произлегле од широка јавна дебата со вклучување на новинарскиот еснаф, да се превенира ширењето непроверени и лажни информации.

Но, каква е состојбата на овој план во државите од нашето опкружување?

Меѓународниот консултант за медиуми и цивилно општество со долгогодишно новинарско искуство Ненад Шебек, кој  работел како директор на Фондацијата Хајнрих Бол, а претходно бил портпарол на Регионалниот совет за соработка, работел и како Извршен директор на Центарот за демократија и обнова на Југоисточна Европа, во разговорот за Мета.мк, говорејќи за состојбата во Србија со дезинформации и лажни вести саркастично вели дека дури и да има некаков план за борба против дезинформациите, „тоа би бил добар виц, бидејќи главниот манипулатор е самата Влада.“

На иста линија е и уредникот во „Истиномер“, како дел од тимот на „ЦРТА“, Синиша Дедеиќ, кој во интервју за „Мета.мк“ , прашан дали српската влада има план за борба против дезинформациите, вели дека власта и медиумите блиски до неа се најголеми производители на лажни вести во Србија и дека тоа не е само паушална оценка на оние кои ја „мразат“ актуелната власт, туку официјална проценка на медиумски експерти.

Целата анализа на Мета прочитајте ја на следниов  ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e