Анализа: На подземјето кое го рушеше СЈО им пропадна во вода се’ – Со една снимка разоткрија дека СЈО нема врска со “Рекет”

Како снимката објавена на еден италијански онлајн весник, разоткри дека Специјалното Јавно Обвинителство не само што не му помогнало на осомничениот од случајот Империја да не оди во притвор, туку во тој период откако биле исцрпени правните лекови на обвинетите, на 21 февруари 2019 СЈО до Врховниот суд достави предлози жалбите со кои осомничените бараат да не одат во притвор да им бидат одбиени, што значи дека СЈО барало осомничените да одат во притвор и по наводниот период откако наводно биле исплатени пари за случајот “рекет” од страна на бизнисменот пријавител, кој пак бил осомничен во случајот “Империја”.

Имено, на 6 февруари 2019 година СЈО до Апелационен суд Скопје поднесе предлози за продолжување на мерката куќен притвор за трите осомничени лица. Постапувајќи по тие предлози Апелациониот суд Скопје на 7 февруари 2019 година донесе решенија за продолжување на мерката куќен притвор во времетрање од 30 дена, но потоа против решенијата на Апелациониот суд Скопје трите осомничени лица поднеле жалби до Врховниот суд.

По повод изјавените жалби, ова Јавно обвинителство на 21 февруари 2019 година до Врховниот суд достави предлози, жалбите да се одбијат како неосновани и да се потврдат решенијата на Апелациониот суд за продолжување на мерката куќен притвор.

Целата анализа на Центар прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e