AНАЛИЗА: Фактите наспроти тврдењата на судијата Лазар Нанев!

Во последниот месец, судијата Лазар Нанев, во одредени медиуми, секојдневно излегува во јавноста со реакција за последниот избор на судии во Апелациониот суд во Скопје.

Но, дали се основани неговите реакции. Да ги анализираме одредбите од законите кои ја регулираат оваа материја.

Во чл.46 од Законот за судови предвидени се посебните услови за избор на судија во Апелационен суд, при што е предвидено:

– За судија на Апелационен суд МОЖЕ да биде избрано лице кое има работно искуство од најмалку четири години непрекинат судиски стаж како судија во Основен суд до моментот на пријавувањето за избор, кое во последната година од страна на Судскиот совет на Република Македонија е оценето со највисока позитивна оцена и во однос на другите пријавени лица има добиено најголем број бодови, согласно со закон.

Меѓутоа, изборот на судија, Судскиот совет го врши врз основа на одредбите од Законот за Судски совет при што во чл.41 од Законот за Судски совет е предвидено дека Советот за судија ќе избере лице кое има највисоки стручни и професионални квалитети, кое ужива углед во вршењето на судиската функција, а врз основа на следниве критериуми:

1) стручното знаење и специјализација во струката и учеството во континуирана обука;

2) односот кон работата, при што се зема предвид почитувањето на законските рокови за преземање на процесните дејствија, почитувањето на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките, односот меѓу бројот на потврдени, укинати или преиначени одлуки во однос на вкупниот број на решени предмети, бројот на решени предмети во однос со ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно утврден од Советот;

Согласно  Член 42 За судија е избран кандидатот кој добил две третини гласови од вкупниот број на членови на Советот со право на глас. Оттука произлегува дека Судскиот совет избира судии а не именува од ранг листата според добиените бодови.

Имајки ги во предвид наведените критериуми, неосновни се обвинувањата на Нанев бидејки бодовите не се одлучувачки критерим. Мегутоа, и покрај тоа што не се одлучувачки критериум, начинот на кој се врши бодувањето согласно квантитативните и квалитативни критериуми во Законот за судски совет, не ја одразуваат ниту вистинската стручност и квалитет на судијата, на кое нешто укажуваат и препораките на Венецијанска комисија, тврдат експерти од областа на правото кои ги консултираше И-Портал.

Исто така фактот дека судијата Нанев постапува во суд со основна надлежност, по предмети во кои е предвидена затворска казна до најмногу пет години, наспрема тежината и сложеноста на предметите по кои постапуваат судовите со проширена надлежност како и Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 Скопје, во кои е предвидена и казна доживотен затвор, притоа имајки го во предвид и приливот на предмети во основните судови со основна надлежност, тежината на постапувањето и нормирање на неспорни предмети наспрема спорните предмети, би требало да бидат еден од условите и критериумите при идните измени на законот за судови и законот за Судски совет, потенцираат правните експерти.

Од друга страна, секојдневните медиумски активности на судијата Лазар Нанев, членство во невладини организации, присуство на трибини и обуки организирани од домашни и мегународни организации, дополнителната активност како вонреден професор во Универзитетот во Штип,  делегат на ФФМ, член на УО на здружението на судии, сите овие активности се вршат во работно време, надвор од судската зграда, со што се поставува прашање колку ефективно работно време поминува судијата вршејки ја судиската функција а со тоа и дали ваквите активности се спојливи со вршењето на судиската функција.

Оттука, најголемиот број на бодови не значи дека кандидатот е најквалитетен во извршувањето на судиската функција, дека има највисоки стручни и професионални квалитети, и углед во вршењето на судиската функција, како што предвидува законот за да истиот биде избран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e