Пратеникот Амди Бајрам на денешната седница за пратенички прашања праша кога ќе бидат ослободени од партиципација и оние што не се корисници на социјална помош, како и кога ќе ги има сите потребни лекови во аптеките.
– Големи малверзации прават аптеките со криење на лекови, страдаат луѓе што не можат да ги платат. Со рецепт ги нема, на приватно ги има. Аптеките станаа милијардери. Пумпа за асматичари втор месец нема пумпи, вториот ден во месецот ги нема, а приватно се 3.600 денари. Јас ќе купам, ама има луѓе со плата од 12.000 денари што не можат да ги купат – рече Бајрам.