Амбасадата на САД со реакција на изјавата на Мицкоски во која судењето за 27 април го спореди со Нирнбершкиот процес

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го спомена нирнбершкиот процес против нацистите во контекст на судењето за нападот на Собранието на 27 април, Амбасадата на САД во Скопје побара поцивилизиран дијалог. Од таму велат дека таквата реторика на политичките лидери предизвикува страв и поделби, посебно кога погрешно се користат минати настани.

Од опозициската партија денес се правдаа дека изјавата на Мицкоски била погрешно разбрана и дека споредбата е направена во преносна смисла на зборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e