Грчкиот заменик министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, во интервју за грчкото радио „Реалфм“ изјави дека бараат комплетно решение за сите прашања, дека климата е добра, и дека се наоѓаат на средина од преговорите.
Рече дека сакаат да има комплетен договор што ќе ги вклучува и името и кратенките и иредентизмот и уставната ревизија.
„Договор што нема во иднина да остава отворени прашања кои може да станат поле на конфликти. Сакаме комплетно решение што ќе стави крај на овие прашања. Многумина сакаат да оценат дали одиме на „blame game“ или навистина одиме кон договор. Се наоѓаме на средина од преговорите и мислам дека климата е многу добра, направени се поклопувања, многу е позитивна климата, но и моментот“- вели Аманатидис.
Целиот текст на порталот Фактор прочитајте го ТУКА.