Поранешната координаторка на пратеничката група на Вмро-Дпмне, Силвана Бонева повторно се најде на удар на јавноста поради енормните суми за патни трошоци кои ги земала, сега како член на ДИК.
Таа беше во фокусот на вниманието кога јавноста дозна за патните трошоци кои и беа исплаќани од страна на Собранието на РМ, иако како што објави тогаш опозициската СДСМ, во фамозната зграда во близина на МВР во Скопје, на име на нејзините синови се открија два стана за кои нивната мајка (Силвана) се правдаше дека “не е знајала”.
Денес, Алсат објави дека Бонева до јуни од ДИК има добиено 12 илјади евра за патни трошоци а сеуште не и се исплатени за јули и август. Покрај платата од над 1000 евра, блиската соработничка на Груевски, добивала и по неверојатни 2000 евра за патни трошоци секој месец.
За поврзани вести продолжете надолу