„Алкалоид“ со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

Македонската антологиска песна „Чукни во дрво“ на Влатко Стефаноски, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија. Песната ја преработија деца кои се дел од проектот „Дајте музика“, а истата доби и хуманитарна нота, соопштија од компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.
Почнувајќи од денеска, 10 јуни, до 20 септември оваа година, по повод својот 85 -годишен јубилеј, компанијата „Алкалоид“ за секој преглед на видеоспотот ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.

Видеоспотот е во режија на Игор Иванов-Изи, за чија реализацијата се погрижи екипа од продуцентската куќа „Вертиго вижуалс“.
Од „Алкалоид“ информираат дека преработката на музиката, која се подготвуваше од јануари годинава, е во реализација на музичкиот продуцент Мите Димовски и студио „Тралала“.
-„Чукни во дрво“ е песна за пролетта, надежта, среќата и за еланот во новите почетоци, кои во најновиот проект се заокружени под мотото „Здравјето пред сѐ“. Бендоткој во видеоспотот ја пренесува пораката на благодарност до најзасегнатите општествени категории, според замислатана режисерот Иванов, е омаж на легендарните „Битлси“ од верзијата на нивниот култен албум „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“, соопштија од компанијата.
 „Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, првпат е објавена во 1989 година, како нумера од последниот студиски албум „Путујемо“ на култната група „Леб и сол“.
 „Алкалоид“ АД упати благодарност до Влатко Стефановски за пренесените права за користење на песната. Видеоспотот ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ АД – на јутјуб, фејсбук и инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e