Алијансата за Албанците преку прес-конференција во седиштето во Тетово најави дека ќе ја прекине соработката што досега ја имаа со ВМРО-ДПМЕ.
Ова доаѓа како резултат на вчерашниот инцидент за време на протестите, каде што братот на еден од експонентите на АШ, кој е директор на Општинското претпријатие за хигиена, отвори оган, додека вториот беше разрешен од функцијата од страна на градоначалникот на Град Скопје.