Актуелни пратеници и политичари од Македонија на црната листа на САД за 2018

Владата на САД секоја година ја ажуирира листата на посебно одредени лица и компании, (Specially Designated Nationals And Blocked Persons List (SDN) Human Readable Lists) попозната и како Црна листа, на кои им се забранува патување во САД и вршење на финансиски активности и дејности, бидејќи претставуваат сериозна потенцијална опасност за националната безбедност и интересите на таа држава, а која на предлог на Стејт Департментот и министерствата за Правда и Финансии ја потпишува Претседателот на САД.

Во објавената т.н. црна листа годинава може да се прочитаат и имињата на повеќе македонски актуелни и поранешни политичари и пратеници, но и правоени команданти и платеници од терористичките келии, дел од нив „староседлци“.

Така, во објавената листа за 2018 година за Македонија може да се прочитаат имињата на претседателот на ДПА Мендух Тачи, пратеникот Џеват Адеми, екс-министерот за внатершни работи и претседател на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, Изир Самиу – Баци, Дилавер Бојку – Лека (кој недоамна беше застрелан во неговиот локал во Струга) , Ѓафур Адили, Невзат Халили, Беџети Нури, Џавид Хасани, Џемаљ Хусени, Реџеп Даут и уште неколку други.

На листата се наоѓаат и лица инволвирани на фронтовите во Сирија, односно дел од терористичките организации и келии, кои исто така претставуаат опасност за националната безбедност на САД, а по потекло се од Македонија, како: Јашари Абдул од Скопје, попознат како командат „Ираки“, Бернал Ѓаралеш, Кастриот Хаџиреџа и други.

Споредбено со државите од опкружувањето на Македонија, бројот на македонски државјани кои годинава се наоѓаат на оваа листа е помал, а „водат“ државјаните на Косово, Босна и Херцеговина и Албанија. Годинава е зголемен и бројот на компании од Босна и Херцеговина и Албанија кои се најдоа на оваа листа, а околу 220 лица и компании од Балканот и годинава не смеат да патуваат и (или) соработуваат со САД.

Од политичарите во регионот, освен повеќе косовски политичари, како позвучно може да се издвои името на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e