Ако ВМРО и ДУИ коалицираат, Груевски повторно ќе биде премиер, смета Касами

Лидерот на БЕСА Биљал Касами во вчерашното издание на „КликПлус“ на ТВ 21 рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ после избори повторно коалицира со ДУИ, тогаш зошто да не, се отвора можност Никола Груевски повторно да биде премиер.

Според Касами, погрешно е тоа што Законот за употреба на јазиците беше испратен до Венецијанската комисија.

– Да седнеме на заедничката маса и да ја артикулираме официјализацијата на албанскиот јазик, рече лидерот на БЕСА во емисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e