Акција за донирање апарати за домаќинство и облека за поплавените

Градската организација на СДСМ Скопје, под мотото „Хумано Скопје подава рака“ организира хуманитарна акција за помош на граѓаните кои беа погодени со августовските поплави.

Како што соопштија од партијата, акцијата ќе се спроведува на три пункта во општина Аеродром и во општина Кисела Вода, во период од 10 до 12 часот, а ќе се собираат исправни електрични апарати за домаќинство и облека.

Пунктови во Аеродром се наоѓаат на паркингот на „Неоком“, кај Железничка станица, паркингот на ОУ „Љубен Лапе“ и последна автобуска станица на линијата број 5 во населба Ново Лисиче. Пунктовите во Кисела Вода се во паркот спроти Општина Кисела Вода, паркот спроти кино Расадник и паркингот пред поштата во населба Драчево.

Извор: Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e