Ахмети, Дураку и Бектеши на увид во рекострукцијата на патот Долнени- Чашка

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Садула Дураку, министерот за економија Крешник Белтеши и градоначалникот на општина Долнени, Џемил Ќамили денеска беа во обиколка на патот Долнени -Чашка, кој е во фаза на реконструкција.

-Овие инфраструктурни објекти се градат во интерес на жителите на овој регион и секако за целокупниот развој на земјата, рече Ахмети.

Министерот за економија Крешник Бектеши потенцира дека овој пат е значаен за регионот кој го скратува растојанието од Прилеп до метрополата за околу 120 километри, што ќе биде од огромна корист за жителите на регионот и ќе чини 80 милиони денари.

Свое задоволство за изградбата на овој пат изрази и директорот на „Македдонија пат” Беким Мемеди кој истакна дека ние исполнуваме една желба на жителите од регионот .

-Можеби ние со општина Чашка бевме единствени соседни општини кои не бевме инфраструктурно поврзани. Ова беше мое предизборно ветување кое го реализираме, истакна градоначалникот на Долнени Ќамили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e