Адвокатот на обвинетите во “Сопот” ги бара Мијалков и Јанкуловска

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги застапува обвинетите во случајот „Сопот“, по денешното рочиште во Кривичниот суд изјави дека доколку дозволи Судот, како сведоци на наредните рочишта ќе бидат повикани поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатешни работи, Гордана Јанкуловска.

Овој случај го презеде Специјалното јавно обвинителство, бидејќи беше предмет на разговори во „бомбите“ што ги објави тогашната опозиција.

Судењето за случајот денеска по 14 години почна од почеток, поради смена на судечкиот совет. Шестмина од обвинетите повторно се изјаснија за невини. На четворица, пак, ќе им се суди во отсуство.

За потсетување, на 4 март 2003, на локалниот пат Сопот-Сушево во местото викано „Божја дупка“ од подметната експлозивна направа загинаа двајца НАТО војници од полскиот контигент, како и Крунислав Кипријановски од Куманово. Од страна на Државното обвинителство беа обвинети 11 локални Албанци, а Основниот суд во Куманово истите ги прогласи за виновни и донесе осудителна пресуда.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e