Заев: Пендаровски води со повеќе од 4000 гласови разлика во фер политички натпревар

Почитувани граѓани,
Честитам за фер и демократските избори со коишто потврдивме темелна европска вредност.
Вакви чекори ни доликуваат и јас сум уверен дека во вториот изборен круг ќе заокружиме уште една европска вредност – европски претседател на нашата држава. 
Јасно е, Пендаровски води со повеќе од 4000 гласови разлика во фер политички натпревар во кој се покажа дека сечив глас е важен.
Ви благодарам на сите кои излеговте и изразивте став на овие мирни демократски избори. Ви благодарам на сите кои гласавте за Стево Пендаровски.
Ве повикувам сите, да излезете повторно во вториот круг на 5 мај и заедно да потврдиме дека нашата земја чекори напред.
Особено ги повикувам сите кои се двоумеа дали да излезат денес. Сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Египќани и сите други.
Сечив глас е важен. Вие сте важни! Од вашиот глас зависи дали земјата ќе продолжи напред!
Излезете и гласајте во вториот круг. И вие одлучувате. Изберете прогрес за нашата земја.
На овие избори, и во првиот и во вториот круг, се одлучува дали ќе продолжиме напред.
Победата е во напредокот, во прогресот, во концептот кој води кон НАТО и ЕУ!
Сите имаме одговорност кон сопствената земја и кон сопствените деца.
Очекувам и граѓаните кои денеска гласаа за господинот Блерим Река, на 5 мај да постапат одговорно и да придонесат кон патот кој води напред, затоа што и тие знаат дека назад носи штети, за сите, па и за нив.
Повикувам на големо обединување во вториот круг од претседателските избори за уште еден сигурен чекор напред, на патот што го трасиравме, кон НАТО и ЕУ, кон економски напредок, заедно напред.
Стево, честитам за победата во првиот круг – продолжуваме ЗаедноНапред!

ФБ статус на премиерот Зоран Заев по изборниот ден!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e