Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог

Собранието со 68 гласа „за“ ги усвои предлог заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправта за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

Со усвоените предлог заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на нмакедонскиот народ. Се задолжува валадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било додавки и фусности и во текот на преговорите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

На гласањето не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а денешната сендица ја следеше и евроамбасадот Дејвид Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e