Споени раце како при молитва се исцртани во архитектонското решение на вечното почивалиште на најголемата македонска музичка ѕвезда – Тоше Проески. Изградбата на достојно почивалиште конечно е на повидок, 12 години по неговата смрт.
„360 Степени“ ја објавува анимацијата на идејното решение на архитектот Жарко Чаушевски од која се добива комплетна претстава како ќе изгледа почивалиштето на Тоше на месноста Гумење во Крушево, кое сега е во многу лоша состојба.
Изградбата на спомен обележјето за македонската музичка икона е предвидено да чини околу 150 илјади евра, средства кои беа обезбедени со одлука на Кабинетот на Заев.
Видеото погледнете го ТУКА.