Со 315 прислушувани разговори ќе се докажува како Груевски и Јанакиески ги договарале кинеските провизии

Во предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство околу 315 прислушувани разговори го докажуваат обвинителниот акт за корупција во тогашниот државен врв при изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. На денешното рочиште во Кривичниот суд, адвокатите на одбраната побараа од СЈО да ги добијат снимките на рака, наместо да ги слушаат во просториите на обвинителството.

Специјалната јавна обвинителка, Лиле Стефанова, го повтори ставот на СЈО дека чувањето на бомбите е во нивна надлежност и дека тие ќе останат таму.

Поранешниот прремиер Никола Груевски во предметот “Тракторија” се сомничи за примање награда за противаконско влијание, додека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиевски за злоупотреба на службената положба и овластување.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e