Притвор за поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вака одлучи судот.
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој претходно беше приведен, од судот замина бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет но за него утре ќе се бара одземање на пратеничкиот имунитет.
Како што дознаваме, неофицијално се бара притвор и за Никола Груевски со што барањето за екстрадиција ќе биде проширено и за овој предмет.
Основното јавно обвинителство ги сомничи организирање на упадот и насилството во Собранието на 27 април.