Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во емисијата 24 Отворено истакна дека РКЕ од март започна да преави анализи како да се воведе новиот тарифен модел и ваква сериозна тарифна реформа сме немале досега. Основите на постоечкиот тарифен систем се од 1982 и во изминатиот период се надополнувани и корегирани, но концептот бил еден особено во делот на домаќинствата.
– До пред 15 години имавме покомотна ситуација и имавме домашно производство, а во послендите десет години се намалува. Со измените на тарифниот систем, сакаме да испратиме сигнал до домаќинствата дека струјата мора да се штеди. Резервите на јаглен се намалуваат, во имаме и треба да го користиме во оваа криза. Од декември оваа година и првичните анализи и начинот на поделба на блоковите, колку ќе бидат блоковите, тоа ќе го презентираме во јавност и ќе покажеме дека тие што трошат коректно, ќе имаат намалени трошоци, а каде што имаме екстремни случаји, ќе имаат зголемена потрошувачка. – рече Бислимовски.
