Владата работи на зголемување на пензиите за 320.000 пензионери

Вечерва се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ. Поради заштита на здравјето седницата се одржа онлајн, преку дигитална платформа.

Членовите на Централниот одбор дискутираа за повеќе актуелни теми, со фокус на мерките кои ги презема владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зголемување на платите и пензиите, одговорот на енергетската криза и мерките за заштита на здравјето на граѓаните.

Со зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари исполнивме уште едно наше ветување, важно за над 80.000 граѓани и подобрување на животниот стандард, порачаа од СДСМ.

Претседателот Ковачевски посочи дека Владата работи на дополнително зголемување на пензиите за 320.000 пензионери, односно финансиски пакет за оваа година, како поддршка во енергетска и здравствена криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e