Бројот на корисници на апликацијата МојДДВ е во постојан пораст.
Заклучно 29 февруари оваа година, вкупниот број на регистрирани корисници на апликацијата достигна 262.030 корисници.
Статистиките покажуваат дека најголемиот број на корисниците се на 36 годишна возраст, додека пак корисниците кои се во триесетите години, сочинуваат околу 30% од вкупниот број на корисници.