Николовски: Институциите мора да бидат во служба на граѓаните

-Придобивките од дигитализацијата се огромни. Нема чекање по шалтери, нема поткуп за услуги што по закон им следуваат на граѓаните, нема, безпотребно трошење време, нема чување на предмети во фиока. Институциите мора да бидат во служба на граѓаните, изјави заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во вчерашното гостување во „Тема на денот“, во дневникот на телевизија Сител.
Вицепремиерот Николовски, посочи дека со усвоената владина информација за дигитална трансформација, сите над 1300 институции имаат задолженија и рокови за поврзување на платформата за Интероперабилност и за користење на информациите од Централниот регистар на население при одредени постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e