Бизнисменот Висар Бегај, кој беше една од жртвите во кобната авионска несреќа, бил познат во бизнис круговите на Косово. За време на несреќата, неговиот брат, се наоѓал во Хрватска. Привично беше јавено дека и тој бил во авионот, но негови блиски луѓе веќе оствариле телефонски разговор со него. Починатиот Висар Бегај, имал намера да инвестира во спортски аеродром – вели за 24 Вести новинарот Албам Селими од косовски “Зери“ кој го следи случајот во Косово.
Извор: 24 Вести.